Откако Оле Гунас Солскјер го замени Жозе Мурињо на клупата на Манчестер Јунајтед, „црвените ѓаволи“ започнаа да редат победи.
Четири победи во низа и напаѓачката игра ја вратија насмевката на лицето на навивачите на „црвените ѓаволи“, а изгледа дека во иднина би можеле да добијат уште убави вести.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Наводно раководството на Манчестер Јунајтед е спремно да издвои дури 210 милиони евра за тројца фудбалери. Станува збор за одличниот Сенегалец од Наполи, Калид Кулибали кој би можел да ги чини 110 милиони фунти.
Покрај него „ѓаволите“ го сакаат Холанѓанецот, Матијас Де Лихт кого Ајакс сигурно нема да го пушти за сума помала од 60 милиони фунти. Ќе потсетиме Де Лихт претходно на големо се поврзуваше со Јувентус.
Ако им веруваме на островските медиуми се уште на „ѓаволите“ е мета и Тоби Алдервилд за него се спремни да издвојат дури 40 милиони фунти.
Секако, Јунајтед ќе има голема конкуренција, но јасно е што ќе биде приоритет на клубот од „Олд Трафорд“ во овој преоден рок – одбраната.