За францускиот „Канал Плус“ напаѓачот на Арсенал Пјер Емерик Обамејанг потврди дека одбил неколку понуди помеѓу кои била и онаа на Барселона.
Како главна причина за останувањето во Лондон Обамејанг го посочи Микел Артета.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Во текот на овој преоден рок одбив неколку понуди, пред се онаа од Барселона. Една од главните причини затоа што останав беше Микел Артета. Имавме долг разговор од неколку часа по кој размислив и одлучив да не заминам“.
„Можеби ќе имав повеќе шанси да освојувам трофеи некаде на друго место, но тука навивачите ме познаваат и ме сакаат. Требаше да изберам дали да почнам некаде одново или да продолжам тука и да оставам длабока трага. Како што може да видите и самите го избрав второто“, изјави Обамејанг.
Заминувањето на Обамејанг од Арсенал сигурно дека ќе беше тежок удар за „топџиите“.