Месут Озил најдобрите денови од својата кариера ги мина во Реал Мадрид за кого играше три сезони пред да премине во Арсенал. Тој повторно зборуваше за Кралевите и посебно за еден играч од неговиот поранешен клуб.
Озил на фудбалскиот свет му се претстави со одлични настапи во дресот на Вердер Бремен кој го продаде на Реал Мадрид летото 2010 година за скоро 20 милиони евра.
Финале во Лига на Шампиони: Младиот ПСЖ против искусниот Интер! ↓↓↓
Иако германскиот репрезентативец за Кралевите играше “само” три сезони, јасно е дека тоа беше најдобриот период од неговата клупска кариера, иако имаше блескави моменти и подоцна во Арсенал.
Летото 2013 година неочекувано реши да го напушти Мадрид и кариерата да ја продолжи во дресот на Арсенал за кого тимот издвои речиси 50 милиони евра. Во Арсенал остана повеќе од седум години пред да замине во Турција, каде што и ја заврши кариерата.
Иако се пензионираше на само 34 години во дресот на Башакшехир, јасно е дека Озил остави голем траг во светот на фудбалот.
Поранешниот играч од средината на теренот се најде во центарот на вниманието бидејќи даде интервју за турската TRT, а во него, меѓу другото, зборуваше и за Реал Мадрид.
“Па се во право кога велат дека е сличен на мене.Гледам многу од себе во Арда Ѓулер. Таквите таленти како него мораме да ги заштитиме како знаеме и умееме”, изјави Озил и додаде.
🗣️ Mesut Özil: “I see a lot of myself in Arda Güler. We need to protect talents like him.” @trtspor pic.twitter.com/mxcVS5l4Ps
— Madrid Xtra (@MadridXtra) February 16, 2025
“Тоа покажа класа и се надевам дека во Реал ќе му дадат шанса која ја заслужува. Тој е иднината на фудбалот и Реал, важно е само да го насочат како што треба и ќе имаат играч кој ќе доминира во средниот ред во наредните години”.
Озил во дресот на Реал Мадрид забележа вкупно 159 настапи во кои постигна 27 голови и додаде дури 81 асистенција.
Кога е во прашање Ѓулер, тој во досегашниот дел од сезоната во сите натпреварувања за Реал одигра 27 натпревари и постигна три гола со пет асистенции. Сепак, во повеќето натпревари влегуваше од клупата за резервни играчи.