Дома Фудбал Овие 20 земји веќе се квалификуваа за Светското првенство, две ќе дебитираат

Овие 20 земји веќе се квалификуваа за Светското првенство, две ќе дебитираат

На глобално ниво се одвиваат квалификации за Мундијалот што следното лето ќе се одржи во САД, Канада и Мексико. Треба да се напомене дека ова ќе биде првото Светско првенство на кое ќе учествуваат дури 48 репрезентации, што е за 16 повеќе од сите турнири од 1998 година наваму.

По однос на распределбата на континентите за Мундијалот, Европа ќе има 16 тимови, Африка девет, Азија осум, Јужна Америка шест, Океанија еден, а Северна Америка шест, вклучувајќи ги трите земји-домаќини. Две дополнителни места ќе бидат доделени на победниците од новиот меѓуконфедерациски турнир. До денес, 20 репрезентации веќе си го обезбедија местото на Светското првенство.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Африка: Алжир, Египет, Мароко, Тунис

Европа: сè уште никој

Азија: Австралија, Иран, Јордан (дебитант), Јапонија, Јужна Кореја, Узбекистан (дебитант)

Јужна Америка: Бразил, Аргентина, Колумбија, Еквадор, Парагвај, Уругвај

Океанија: Нов Зеланд

Северна Америка: Домаќини САД, Канада и Мексико

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Модриќ го убеди еден од најдобрите да дојде во Милан: „Стар пријателе, те чекам!“

Веќе во првите месеци во дресот на Росонерите стана јасно дека Милан не доби само уште еде…