Дома Фудбал Oвен: Ливерпул и понатаму е најдобар тим во Премиер лигата, само сега не играат добро

Oвен: Ливерпул и понатаму е најдобар тим во Премиер лигата, само сега не играат добро

Мајкл Овен смета дека Ливерпул и понатаму е најдобриот тим во Премиер лигата и тврди дека водечкиот Арсенал не е “ни блиску” до нивото кое „црвените“ го имаа минатата сезона. Екипата на Арне Слот моментално е на шестото место, со заостанување од 19 бода зад Арсенал од Микел Артета, во сезона која се покажа како слаба одбрана на титулата освоена во 2024/25.

Сепак, Овен (46), кој за клубот од Енфилд одигра речиси 300 натпревари помеѓу 1996 и 2004 година, останува сигурен дека неговиот поранешен клуб е без конкуренција кога се во својата најдобра форма, пишува Daily Mail.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


“По мое мислење, тие се најдобриот тим во Премиер лигата”, изјави поранешниот освојувач на Златната топка во емисијата “The Wayne Rooney Show” на BBC. “Луѓето ќе се смеат и ќе кажат: ‘Но тие се шести на табелата.’ Сепак, минатата сезона доминираа во лигата, само што сега не играат на нивото што се очекува. Меѓутоа, ако секој тим би одиграл со своите најдобри можности, ако најдобрите се соочат со најдобрите, мислам дека Ливерпул и натаму би бил најсилен.”

Поранешниот англиски напаѓач исто така изрази дека е ” фрустрирачки да се гледаат овогодишните маки на „црвените“, особено кога по освојување на титулата тимот е засилен со Александар Исак, Уго Екитике и Флоријан Вирц. “Тешко е да се верува дека сега се послаби”, продолжува тој. “Но, верувам дека е прашање на време, можеби веќе следната сезона, кога повторно ќе бидат на врвот.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Слот сака големо засилување, Ливерпул ќе треба да плати 90 милиони евра!

Ливерпул има потенцијална можност ова лето да ангажира едно од највпечатливите засилувања …