Дома Фудбал Oва се вика оптимизам: Гарначо беше изненаден од потегот на Росениор на негатива од 8-2

Oва се вика оптимизам: Гарначо беше изненаден од потегот на Росениор на негатива од 8-2

Фудбалерите на ПСЖ го уништија Челси во осминафиналето на Лигата на шампионите со вкупен резултат од 8:2. Последниот натпревар во Лондон беше означен со момент во самиот финиш на средбата кој привлече многу внимание.

Во 85. минута, ПСЖ водеше со 3:0, односно вкупно 8:2, кога тренерот на Челси, Лиам Розениор, повика еден од своите напаѓачи, Алехандро Гарначо, за време на прекинот за да му даде совети.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Росениор му зборуваше нешто, а Гарначо внимателно слушаше и кимаше со глава, обидувајќи се да го разбере новиот план.

Потоа, Росениор му предаде лист со тактички инструкции, кои Гарначо ги прими со скептицизам и го пренесе преку целото поле до соиграчот Тосин Адарабиојо.

Дури и дефанзивецот на Челси не разбра зошто добива тактички совети кога тимот губи со шест гола разлика, само пет минути пред крајот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Погледнете ја реакцијата на Брахим Дијаз кога му кажаа дека Мароко е шампион на Африка (Видео)

Мароканскиот фудбалски репрезентативец Брахим Диаз, во текот на натпреварот против Ливерпу…