Дома Останати Кошарка Oва ќе биде најскапиот натпревар во новата сезона во НБА – причина е Леброн!

Oва ќе биде најскапиот натпревар во новата сезона во НБА – причина е Леброн!

Најскапите билети за претстојната сезона на НБА ќе бидат за натпреварот помеѓу Њујорк Никс и Лос Анџелес Лејкерс, кој ќе се одигра во февруари 2026 година.

Имено, просечната цена за билет за овој натпревар во легендарниот Медисон Сквер Гарден изнесува 1.100 долари, додека најевтините можат да се пронајдат за околу 500 долари, и тоа се местата кои се најодалечени од теренот.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Причината за ова е Леброн Џејмс. Поточно, 40-годишниот Џејмс има договор со Лејкерс само за оваа сезона и со оглед на тоа дека не спомнува ништо за потенцијално продолжување на кариерата, во Њујорк Никс го сметаат овој натпревар како последен настап на “Кралот” во нивниот дом, што значи еднаш во животот можност да го видат на 1 февруари 2026 година.

Јавно, Леброн повеќе пати истакнал дека највеќе му се допаѓа да игра токму во Медисон Сквер Гарден, каде по правило блеска.

Во најпознатата сала во светот, Џејмс досега одиграл 32 натпревари, од кои извојувал победа во 23 наврати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Историја во НБА: За првпат тројца браќа ќе играат во ист тим

Не е толку редок случајот во НБА лигата да гледаме браќа кои играат заедно. На пример, ова…