Дома Фудбал Англија Ова е јасен знак, Аморим го „пречкрта“ Рашфорд

Ова е јасен знак, Аморим го „пречкрта“ Рашфорд

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд остана надвор од списокот на играчи на кои смета Рубен Аморим за претстојното гостување кај Тотенхем во четвртфиналето на Лига купот, што ги забрза шпекулациите за негово заминување од клубот.

Ваквиот расплет на ситуацијата донекаде се навестуваше откако Рашфорд ден по големата победа на гостувањето кај Манчестер Сити изјави дека е подготвен за нови предизвици, изјава која очигледно му пречеше на Аморим.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Официјалната одлука да го  остави надвор од списокот на патници за мечот против Тотенхем е доволен доказ дека разделбата е близу. .

Тоа не е случај со Алехандро Гарначо кој исто беше изоставен од средбата со „граѓаните“, ама сега се враќа во тимот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Арсенал МОРА да ја продаде ѕвезда од тимот!

Арсенал конечно изгледа како екипа која може да ја освои Премиер лигата и тоа го знаат сит…