Дома Фудбал Откриено што зборувале браќата Tурам во дербито: Кефрен не го послушал Маркус!

Откриено што зборувале браќата Tурам во дербито: Кефрен не го послушал Маркус!

Сè уште траат расправиите, навивачите на Интер се лути на Маркус Турам кој се смееше по поразот при кој постигна гол, но и загуби од брат му Кефрен и Јувентус.

Сликите од нивниот разговор за време на натпреварот го обиколија светот, но неправедно е да се осудува постариот брат, кој се бореше на теренот и сигурно и на него му беше тешко поразот во финишот.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Маркус и Кефрен се соочија пред очите на славниот татко Лилијен, кој се прослави во Јувентус. Официјалните лица на клубот и играчите сакаа да знаат што му рекол Маркус на Кефрен и зошто се смеел.

Маркус откри дека тоа бил ироничн насмевка.

Тој побарал од Кефрен да признае дека направил фаул пред голот на Аџиќ кој донесе лудило во Торино и победа за “Бјанконерите”. Од ВАР собата потврдија дека прекршок не постоел, а очигледно е дека Кефрен не го послушал брат му.

Иако имаше повици Турам да биде суспендиран, тоа нема да се случи.

Навивачите му замеруваат што не славеше по голот, имаше шпекулации дека е од почит кон татко му, но тоа не е вистина. Изгледа дека постариот Турам чува незадоволство уште од конфликтот со Лаутаро на светското клупско првенство. Што се однесува до татко му Лилијен, тоа не е точно, пред две години кога Интер славеше титула, пееја анти-Јувентус песни на теренот и таткото го бркааше Турам низ теренот за да престане, се разбира, на шега…

Алдо Серена, легенда на Интер, го критикуваше Турам и му порача дека братските работи треба да ги остави за дома, Интер го плаќа. Тој потсети на браќата Барези кои не се познавале на дерби натпреварите во Милано.

Било како било, во Интер се активираше алармот по два пораза во првите три натпревари од Серија А, вчера во тренинг центарот “Апијано Џентиле” беа присутни претседателот Марота и Занети, за да ја поддржат екипата која во Лигата на шампиони започнува во Амстердам против Ајакс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Одлична вест за навивачите: Заврши чекањето на Флик догло 383 дена!

Вчера се врати еден од најталентираните млади фудбалери во светот. По точно 383 дена откак…