Дома Фудбал Откриено кои великани ги одби Ван Дајк чекајќи ја одлуката на Ливерпул

Откриено кои великани ги одби Ван Дајк чекајќи ја одлуката на Ливерпул

Ливерпул вчера официјално потврди дека Вирџил ван Дајк останува на Енфилд и дека го продолжи договорот. Холанѓанецот одлучи да остане, а сега е откриено кои клубови се обиделе да го доведат во своите редови по завршувањето на сезоната.

Редсите успеаја за само неколку дена да го решат најголемиот проблем што го имаа, а тоа се Мохамед Салах и Вирџил ван Дајк кои имаа договори до крајот на сезоната и се чинеше дека на лето ќе го напуштат Ливерпул.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Но, прво Салах потпиша продолжување на соработката со Ливерпул, а вчера тоа го направи и искусниот холандски дефанзивец.

На Енфилд осознаа какво значење сè уште имаат овие двајца за Ливерпул и на радост на навивачите успеаја да договорат продолжување на соработката со дватајцата.

Кога е Ван Дајк во прашање, тој имал контакти со одредени клубови и можел да избере во кој великан да ја продолжи кариерата.

Англиските медиуми пишуваат дека прва го контактирала Барселона која му понудила двегодишен договор, а потоа се јавиле и Баерн и Челси.

Меѓутоа, колку е Ван Дајк верен на Редсите покажува фактот дека веднаш ги одбил понудите кои ги добил и му дал предност на Ливерпул бидејќи верувал дека ќе му понудат нов договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Спалети ги „крои плановите“ за Јувентус – еве што мисли за Влаховиќ

Новиот тренер на Јувентус, Лучано Спалети, верува дека Душан Влаховиќ ќе остане во Торино.…