Дома Фудбал Откриено кога се повредил Ноер – додека го славел голот!

Откриено кога се повредил Ноер – додека го славел голот!

Голманот на Бајерн Минхен, Мануел Нојер, се повреди во средата навечер во Лигата на шампионите додека го прославуваше голот за својата екипа во победата против Леверкузен (3:0) и нема да биде на располагање до натамошно известување, соопшти германскиот клуб во четвртокот наутро.

“Нашиот 38-годишен капитен претрпе раскинување на мускулот во десната потколеница и ќе биде недостапен во следните натпревари,” се наведува во соопштението на Бајерн по победата над Баер Леверкузен 3:0 во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите на Алијанц Арена.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


Кратко по вториот гол на Џамал Мусиала во 54-тата минута, Ноер побара замена одејќи со куцање. “Тоа се случи додека славеше,” рече тренерот на Баварците, Винсент Компани, веднаш по натпреварот.

Светскиот првак од 2014 година ќе изостане три до четири натпревари, вклучително и реваншот против Леверкузен, известува германскиот новинар Флориан Плетенберг. Неговата замена е 21-годишниот Јонас Урбиг, кој во средата го имаше првото деби за првиот тим на Бајерн.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Конечно кажа „да“: Зинедин Зидан на клупата на најдобриот тим во светот

Зинедин Зидан ќе стане новиот селектор на Франција по Светското првенство во 2026 година! …