![](https://sportski.mk/wp-content/uploads/2025/02/nikola-jokic-819x491.jpg)
Како Никола Јокиќ заврши во Денвер? Приказна која е исклучително интересна и претставува само почеток на еден неверојатен спортски и животен пат.
Ако во Холивуд одлучат да снимаат филм на оваа тема – нема да погрешат.
Топ 10 трансфери оваа зима! Кој потроши најмногу!? ↓↓↓
Во минатото, неговиот менаџер Мишко Ражнатовиќ откри една многу интересна приказна за српскиот ас.
– Не е толку познато дека Јокиќ беше пред потпишување со Барселона. Тие го следеа подолго време и дојдоа на финалните преговори, како и да ја гледаат средбата која се играше во Сремска Митровица. Пред мечот, практично ги договоривме деталите за трансферот и остана следниот ден, утрото после натпреварот, да се позанимаваме со уште некои детали – раскажуваше Мишко и додаде:
– Меѓутоа, таа вечер Никола одигра најлошата партија откако дојде во Мега.. Сè беше повеќе од ужасно, и Барселона зеде тајм-аут за уште малку да ја преиспита целата ситуација. Преговорите траеја подолго, а во меѓувреме Артурас Карнишовас инсистираше на неговото доаѓање во Денвер и Никола се упати кон НБА лигата. Едноставно, не му беше судено да игра во Барселона и денес јас сум многу среќен поради тоа. Мое мислење е дека Никола би играл полошо во Евролигата отколку во НБА, бидејќи принципите се различни и не би ја имал таа слобода која ја има сега – раскажуваше своевремено Ражнатовиќ.