Дома Моторспорт Откриен голем проблем што го мачи Хамилтон во Ферари

Откриен голем проблем што го мачи Хамилтон во Ферари

Луис Хамилтон се соочува со неочекувани предизвици по преминувањето во Ферари. Неговиот стил на возење, што го красеше со години, сега станува проблем. Експертите открија што точно му пречи на неговиот нов болид.

Луис Хамилтон оваа сезона пишува ново поглавје во неговата кариера, откако го направи најголемиот трансфер во историјата на Формула 1 со преминувањето од Мерцедес во Ферари.

ВАР во македонскиот фудбал – Разговор со Дејан Јакимовски | Уште еден поткаст


Сепак, преминувањето во црвениот болид за сега не донесе резултати кои би навестиле поход на рекордната осма титула светски првак.

Аналитичарот Алекс Брандл детално ги анализирал податоците на Хамилтон и истакнал проблематична особина во неговото возење која не се вклопува со карактеристиките на болидот SF-25 на Ферари.

„Тој зборуваше за тоа како го прилагодува болидот на себе, а и себе на болидот“, изјави Брандл во подкастот F1 Nation.

„Секој викенд ги гледам податоците на Луис. Секогаш истата работа“.

Брандл објасни дека Хамилтон при влегување во брзи кривини користи малку посилен притисок на кочницата отколку неговиот тимски колега Шарл Леклер.

„Можеш да повлечеш линија директно од графиконот на брзина на тркалата до трагата на управувањето и сопирањето совршено се совпаѓа со малото поместување“.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Леклер бесен на Фарари: Морате да ме слушате, овој болид не се вози!

Возачот на Ферари, Шарл Леклер, донесе изненадување со освојувањето на пол позицијата за Г…