Дома Фудбал От Реал Мадрид веќе подготвуваат понуда за Конате

От Реал Мадрид веќе подготвуваат понуда за Конате

Од Реал Мадрид досега потрошија над 180 милиони евра за нови засилувања во лицето на Трент Александер-Арнолд, Алваро Карерас, Дин Хаусен и Федерико Мастантуоно, но немаат намера да запрат тука.

На „Сантијаго Бернабеу“ сериозно размислуваат да испратат понуда до Ливерпул во обид да го привлекат Ибрахима Конате. Во Мадрид се многу загрижени од не многу доброто претставување на Светското клупско првенство и најмногу од сериозните колебања во изведбата на Антонио Рудигер и Асенсио. Именно поради таа причина се размислува за офанзива за Конате.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Поранешниот дефанзивец на РБ Лајпциг има договор уште само една година и до сега одбива да го обнови. Според различни информации во пресата, Ливерпул ја поставил цената на Конате на 50 милиони евра, но од Реал веројатно немаат намера да ја надминат сумата од 25 милиони од европската валута.

Минатата година од „Сантијаго Бернабеу“ користеа слична тактика и кон дефанзивецот на Манчестер Јунајтед Лени Јоро, кој на крајот премина на „Олд Трафорд“ од Лил за 60 милиони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Атлетико Мадрид премина во сопственост на Американци!

Шпанскиот Атлетико Мадрид објави дека од следната година мнозинскиот сопственик на клубот …