Дома Фудбал Од Манчестер Јунајтед подготвуваат трета понуда за Мбемо, се очекува зделката да биде завршена оваа недела

Од Манчестер Јунајтед подготвуваат трета понуда за Мбемо, се очекува зделката да биде завршена оваа недела

Раководството на Манчестер Јунајтед подготвува трета официјална понуда кон Брентфорд за Брајан Мбемо, објавуваат голем број авторитетни извори во Англија.

До овој момент од „Олд Трафорд“ испратија две понуди, но секоја од нив беше одбиена. Сепак, двете страни продолжуваат со многу интензивни преговори, а очекувањата се новата понуда да биде со вкупна вредност од околу 65 милиони фунти и да биде прифатена од „пчелките“, бидејќи во последните денови беа дискутирани токму структурата на плаќањата и големината на бонусите.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Од Манчестер Јунајтед го направија токму Брајан Мбемо главна трансферна цел во овој момент и се надеваат дека ќе успеат да ја завршат зделката до крајот на неделата, за да може играчот да започне подготовките со тимот. Фудбалерите на Рубен Аморим треба да се јават за прва тренинг-сесија во понеделник на седми јули. Во исто време од Брентфорд испратија јасна порака во последните денови преку нивниот спортски директор Фил Џајлс, дека Мбемо ќе замине само под услови кои ќе ги задоволат Лондонците и поинаку би можел да остане на „Бренфорд Комјунити Стадион“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Балотели славеше затоа што Виера доби отказ: Бог сè гледа!

Патрик Виера доби отказ во Џенова, последниот тим од италијанската Серија А. Ова беше драг…