
Раководството на Баерн Минхен одржало почетни разговори со претставници на Мануел Нојер во врска со продолжување на договорот на голманот, информира „Спорт 1“.
Сегашниот договор на голманот е до следното лето, но двете страни сакаат капитенот на Баварците да остане на „Алијанц Арена“. Предлогот ќе биде за едногодишен договор, но не се познати конкретните параметри на понудата.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Моментално Нојер е вториот најплатен играч на Баерн со плата од околу 21 милион евра, но постои можност предлогот да содржи одредено намалување на оваа сума.
Поранешниот германски репрезентативец последен пат го обнови договорот со шампионите на Бундеслигата во почетокот на февруари оваа година, кога исто така потпиша само за една сезона. Од почетокот на сезоната има одиграно 10 натпревари и во нив остварил четири чисти мрежи.