Дома Фудбал Освои Златна топка, а сега на 29 години веќе нема да заигра сериозен фудбал!?

Освои Златна топка, а сега на 29 години веќе нема да заигра сериозен фудбал!?

Шпанскиот играч за врска Родри (29) се очекуваше да има славеничко враќање во неговиот дом со Манчестер Сити на натпреварот против Виљареал во Лигата на шампионите. За жал, мечот го пропушта поради проблеми со опоравување од повредата на коленото.

The Athletic потенцира дека ова само ја продлабочува несигурноста во неговата можност да се врати на врвот на формата, една година по сериозната операција на коленото.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Родри имаше блескава кариера во изминативе години, каде освои многу трофеи со Сити, а откако го освои Европското првенство со Шпанија минатата година, беше крунисан со Златната топка.

Сепак, Родри сега е на крстопат во кариерата, бидејќи следуваше низ од помали повреди откако во септември минатата година го искина предниот вкрстен лигамент.

Родри тогаш ги доживеа најлошите можни сценарија, покрај предниот вкрстен лигамент, оштетени беа и двата менискуса, кои се клучни за стабилноста и апсорпцијата на ударите во коленото.

Пеп Гвардиола предвиде пауза до 12 месеци, но Родри се врати на теренот за помалку од осум месеци, а изгледа дека клучната грешка беше учеството на Светското клубско првенство.

Гвардиола мораше да го извади од игра во полуфиналето поради проблеми со препоните, а и недели подоцна изнесуваше вознемирувачки информации дека Родри не може да го издржи интезитетот на натпреварите.

Сепак, Родри повторно започна натпревар против Брентфорд, но беше на теренот само 22 минути пред да се соочи со нова повреда на тетивата, што го стави на нова принудна пауза.

->
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нејмар со повредено колено направи чудо, а сега носи голема одлука!

Бразилската ѕвезда Нејмар направи чудо со Сантос. Доаѓајќи како спасител на клубот кој ужи…