Дома Фудбал Освои триумф на Вембли: Од улиците на Меделин до славата на фудбалскиот врв

Освои триумф на Вембли: Од улиците на Меделин до славата на фудбалскиот врв

Вчера, на стадионот Вембли, Кристал Палас успеа да го запише своето име во историјата со освојувањето на ФА Купот, а овој успех има посебно значење за еден човек.

Даниел Муњоз беше еден од главните херои на оваа голема победа, откако го забележа асистентскиот потег при првиот гол.

Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


Освен тоа што беше одличен со топката, неговите одбранбени способности беа на највисоко ниво, што го направи еден од најдобрите играчи на теренот.

Но, патот на Муњоз до оваа точка не беше ни малку лесен, што го прави овој успех уште поголем и позначаен.

Тој е роден во сиромашен дел на Колумбија и уште како дете ги мина своите денови на опасните улици.

Веќе на многу млада возраст се здружи со хулиганска групација, навивачи на Атлетико Насијонал од Меделин.

Често беше вклучен во проблеми и живееше прилично контроверзно, но секогаш го имаше сонот да стане фудбалер.

Поради животниот стил, до дваесетгодишна возраст не успеа да направи професионален настап за ниту еден клуб, но тоа не го натера да се откаже.

Сè се промени кога неговиот детски тренер го зеде под своја закрила и го водеше во тимот Агилјас Дорадас.

Таму Муњоз блесна и покажа каков фудбалер всушност се крие зад ликот на “опасниот тип”.

Неговите одлични настапи во Колумбија не останаа незабележани, па во 2020 година направи чекор кон европскиот фудбал.

Тогаш се приклучи на Генк, а неговото ниво на игра достигна нови височини во Белгија.

Минатата година дојде до “финалната дестинација”, најсилната лига во светот – англиската Премиер лига, потпишувајќи со Кристал Палас.

Од сиромашен живот и хулиганство во Колумбија, до освојување на најстарото натпреварување во англискиот фудбал за помалку од десет години.

Навистина импресивна приказна за Даниел Муњоз, кој со важниот трофеј во рацете вчера сигурно беше на “врвот на светот”.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Баерн со порака до Сане: „Не сакаш? Нема проблем“.

Фудбалерите на Баерн се во исчекување на голема прослава со своите навивачи во Минхен, дод…