Денот по Божиќ, познат во Англија како Боксинг деј, традиционално е резервиран за фудбалот, па овој четврток ќе се одиграат осум натпревари од 18. коло во Премиер лигата.
Поради близината на Божиќ и Нова Година, поради набиениот распоред во кој често играат четири натпревари за помалку од 10 дена, многу фудбалери низ историјата ги прескокнувале натпреварите на тој ден.
Време е за Boxing Day! И време е за Wildcard на Fantasy Premier league! ↓↓↓
Кевин Нолан, англискиот играч за врска кој поголемиот дел од кариерата го помина во Болтон, а подоцна играше за Њукасл и Вест Хем, имаше петгодишна серија суспензии во декември.
Освен првиот случај, сите останати беа околу Божиќ и Нова година. По петтата година, во 2013 година, Нолан ги уверуваше навивачите на Вест Хем дека тоа не го прави намерно.
Осум суспензии за десет години? Случајност! Но, рекордер и понатаму е Ли Бауер, играч од средниот ред кој во 2000-тите пропушти дури осум меча на Боксинг Деј – седум поради суспензии поради акумулирани жолти картони и еден поради директно црвен.
Во тој период, Бауер играше за Лидс, Њукасл и Вест Хем, а исто така тврдеше дека се е само случајност, а всушност е природно за играчи од средниот ред како него да ја достигнат границата на жолти картони во тој дел од сезона.
„Не го направив тоа намерно, само за да бидам слободен за Боксинг деј. Собрав 99 картони за 18 години, а тоа значи дека ќе пропуштам неколку. Секогаш сум играл на работ. Дури и тој црвен картон, ме натера да го пропуштам новогодишниот натпревар, сигурно не го планирав, едноставно немав среќа“, објасни во една прилика Бауер.