Дома Останати Кошарка Осуден е братот на Никола Јокиќ поради напад врз друг навивач (Видео)

Осуден е братот на Никола Јокиќ поради напад врз друг навивач (Видео)

Страхиња Јокиќ, брат на најдобриот кошаркар на планетата Никола Јокиќ, е осуден на 12 месеци условна казна поради физички напад на еден навивач за време на натпревар од плеј-офот на НБА лигата 2024 година, пренесува “TMZ Sports”.

Пресудата беше донесена во петок пред судот во Денвер, откако Страхиња ја призна вината за влегување на терен и нарушување на јавниот ред и мир, соопшти обвинителството.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Шокантниот инцидент се случи на 22 април 2024 година за време на натпреварот од НБА плеј-офот помеѓу Денвер и Лејкерс. Камерите го забележаа како Страхиња по последниот сигнал на сирената удира право во лицето на еден навивач, Николас Мајер. Мајер од ударот доби гребнатини и модринки на лицето, како и девијација на носот и потрес на мозокот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Лука Дончиќ по вторпат стана татко: Објави фотографија од ќерката и ѝ го откри името (Фото)

Еден од најдобрите светски кошаркари, Лука Дончиќ, ги пропушти последните два натпревари н…