Дома Фудбал Остри критики од поранешниот играч на Ливерпул кон Салах: Мо, тоа не оди така!

Остри критики од поранешниот играч на Ливерпул кон Салах: Мо, тоа не оди така!

Неспокој на Енфилд, по низот на слаби резултати и конфликтот на тренерот со ѕвездата на тимот. Арне Слот веројатно ги одбројува последните денови на клупата, но и човекот кој донесе многу за „црвените“ исто така стои на прагот на заминување. По критиките на јавноста и медиумите кон Арне Слот, сега следат критиките кон Мохамед Салах.

Бившиот напаѓач на Ливерпул, Мајкл Овен, жестоко го критикуваше Салах за неговите последни јавни искажувања во врска со тренерот.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Мајкл Овен, некогашниот славен играч на „црвените“, изрази незадоволство од содржината на изјавите на Египќанецот и моментот во кој ги изнесе тие коментари.

Тоа го објави и на социјалните мрежи добитникот на Златната топка во 2001 година.

Мо Салах, можам да претпоставам како се чувствуваш. Долго време беше лидер на овој тим и си освоил се’. Но, сепак, ова е тимска игра и едноставно не можеш јавно да кажуваш такви работи. За една недела повторно ќе играш. Дефинитивно можеше да се воздржиш, да уживаш во претставувањето на националниот дрес и да почекаш да видиш како ќе се одвиваат работите кога ќе се вратиш?, напиша Мајкл Овен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Скандал: Англиски голгетер уапсен по тепачка во бар, се појави и снимка! (Видео)

Англискиот напаѓач Аивоан Тони беше задржан од полицијата за време на ноќта по тепачка во …