Кошаркарската репрезентација на Македонија повторно беше подобра од селекцијата на Швајцарија во вториот контролен натпревар одигран во Гевгелија, забележувајќи нова победа со резултат 65-52. Иако Швајцарците имаа предност во првото полувреме, во вториот дел нашите кошаркари целосно го презедоа контролата и направија убедлив пресврт. Натпреварот беше прекинат нешто предвреме по заедничка согласност на селекторите, што често се практикува во пријателски …