Претходната вечер беше комплетирано осминафиналето на Мастерсот во Монтреал, а една од најубедливите победи ја оствари Украинката Елина Свитолина против Русинката Ана Калинскаја со 2-0 (6:1, 6:1). Натпреварот траеше само 55 минути. На самиот терен немаше дилема кој ќе победи, бидејќи Ана Калинскаја делуваше непрепознатливо, откако неодамна играше и финале во Вашингтон, во кое беше поразена од Лејла Фернандез. Елина …