Новиот шеф на стручниот штаб на РК Металург, Данило Брестовац, го комплетира тимот на своите соработници. Прв асистент ќе му биде Оливер Димитриоски, додека тренер на голманите ќе биде Петар Мисовски, кој и досега ја обавуваше оваа функција. Со цел да се подигне кондициската подготвеност на играчите, се преговара со врвни светски кондициски тренери од кои ќе биде избран најсоодветниот. …
