Дома Останати Тенис Организаторите на Ролан Гарос го разочараа Ѓоковиќ – не му ја исполнија желбата!

Организаторите на Ролан Гарос го разочараа Ѓоковиќ – не му ја исполнија желбата!

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ повторно доби нешто што најмалку посакуваше – меч во ноќниот термин на Ролан Гарос. Во сабота, од 20.15 часот, Ѓоковиќ ќе се соочи со Австриецот Филип Мишолич, токму во време кога започнува финалето на Лигата на шампионите помеѓу Пари Сен Жермен и Интер кое почнува 45 минути подоцна во Минхен.

Иако јасно им даде на знаење дека не сака да игра во тој период за да може да го гледа и поддржи Пари Сен Жермен, организаторите без размислување го игнорираа неговото барање.

Финале во Лига на Шампиони: Младиот ПСЖ против искусниот Интер! ↓↓↓


– Ќе навивам за Пари Сен Жермен. Дефинитивно ќе го следам мечот ако не се случи да играм навечер. Тоа би било убаво – се пошегува Ѓоковиќ по победата во второто коло, но неговата сарказам не наиде на разбирање.

Ова не е првпат Ѓоковиќ да се соочи со ваков третман – лани исто така играл во исто време, кога Реал Мадрид се сретна со Борусија Дортмунд, а тогаш излезе на терен многу подоцна поради доцнење во програмата и го заврши мечот против Лоренцо Мусети околу три часот по полноќ.

Ниту другите играчи не се воодушевени од ноќниот термин оваа сабота. Првиот рекет на Франција, Артур Финс, исто така сакал да избегне да игра навечер за да го следи натпреварот на својот сакан ПСЖ, додека неговиот следен противник Андреј Рубљов шеговито коментирал дека можеби баш ќе побара ноќен термин само за да го испровоцира.

– Можеби Рубљов побара да играме навечер само за да ме изнервира. Се шегувам, секако. Ќе видиме како ќе биде со распоредот, се надевам дека нема да играм вечер – рече Финс порано.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓорческа ќе игра финале во Куршумлиска Бања!

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, се пласираше во финалето на ИТФ турнирот в…