
Манчестер Јунајтед ова лето е прилично активен на трансфер пазарот, а сега на Островот се зборува за доаѓање на нов голман на Олд Трафорд.
Црвените ѓаволи имаат зад себе една од најлошите сезони во историјата на клубот, сезона која сите кои го сакаат овој клуб ќе се обидат што побрзо да ја заборават.
Скопје троши вода како да има 1 милион жители! Каде е проблемот? ↓↓↓
Во англиската Премиер лига завршија на скромно 15-то место, а конечниот удар им го зададе Тотенхем Хотспур кој ги победи во финалето на Европската лига и ги остави без трофеј.
Рубен Аморим по многу преговори го задржа местото на шеф на стручниот штаб и доби втора шанса, па така португалскиот тренер ќе ја предводи екипата и во наредната сезона.
На Олд Трафорд веќе беа претставени неколку засилувања, како што се Матеус Куња и Брајан Ембеумо кои ќе ја зајакнат конкуренцијата во самиот врв на нападот.
Но, тоа нема да биде крај на активностите на Црвените ѓаволи на трансфер пазарот. Веќе долго се спомнува заминувањето на првиот голман Андре Онана од Олд Трафорд.
Најверојатно, во клубот не се задоволни од неговите настапи, особено поради фактот што често прави големи грешки кои знаеле да ги чинат екипата натпревари.
Англиските медиуми сега пренесуваат дека Манчестер Јунајтед е заинтересиран за услугите на Ник Поуп, 33-годишниот англиски голман.
Фото: Грок AI