Дома Фудбал Омилениот тренер на Инсиње може да го врати во Серија А!

Омилениот тренер на Инсиње може да го врати во Серија А!

Познатиот италијански фудбалер Лоренцо Инсиње (34), по истекот на неговиот договор со Торонто, би можел во зимскиот трансфер период да потпише за Лацио, пренесуваат италијанските медиуми. Клубот од Рим е подготвен да му понуди договор на шест месеци со можност за продолжување на уште една сезона. Инсиње е на пат да се врати во Лацио благодарение на можноста повторно да соработува со тренерот Маурицио Сари.

Талентираниот италијански крилен играч најдобрите моменти во својата кариера ги доживеа кога Сари беше негов тренер во Наполи. Во тој период, Инсиње успеваше редовно да постигнува двоцифрен број на голови, а најдобрата статистика ја оствари во сезоната 2016/17, кога забележа 20 голови и 11 асистенции.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Инсиње цели осум сезони настапуваше за Наполи, пред во летото 2022 година да замине во МЛС лигата и да потпише за Торонто. Оваа година беше разочарувачка за него во дресот на Торонто, постигнувајќи само еден гол во 12 одиграни натпревари. За репрезентацијата на Италија има настапи на 54 натпревари со 10 постигнати голови и исто толку асистенции. Неговиот последен настап за националниот тим, со кој во 2020 година освои Европско првенство, беше во март 2022 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тажна вест: Почина еден од најдобрите француски тренери

Исклучителната фигура на францускиот фудбал, Жан-Луи Гасе, почина денес на 72-годишна возр…