
Играчот на Баерн од Минхен, Мајкл Олисе, кој имаше значаен придонес во големата победа на баварскиот гигант против Реал во Мадрид, би можел наскоро повторно да го посети шпанскиот главен град доколку желбата на кралскиот клуб биде исполнета.
Не е тајна дека поранешниот крилот на Кристал Палас ќе биде еден од најбараните играчи во претстојниот летен трансфер период, но кога големиот Реал се вклучи во трката, тогаш е тешко кој може да им парира.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Особено ако тоа лично го инсистира претседателот Флорентино Перез, кој според новинарот Кристијан Фалк, беше фасциниран од фудбалските способности на Французинот во вторникот навечер, ставајќи го на врвот на листата на желби за летниот трансфер период.
Според истиот извор, Реал е спремен да му понуди на Бајерн меѓу 160 и 165 милиони евра, нагласувајќи дека зделката со германскиот гигант ќе оди тешко затоа што на „Алијанц арената“ не сакаат лесно да се откажат од асот.
Олисе има договор со Бајерн до летото 2029 година и истиот не содржи клаузула за излез, но Реал ќе биде упорен до крај да го „пробие ѕидот“ за да го добие потписот од играчот кој го засени Килијан Мбапе и Винисиус Жуниор.