Дома Фудбал Oфицијално: Борусија Дортмунд остана без тренер!

Oфицијално: Борусија Дортмунд остана без тренер!

Борусија Дортмунд објави дека го отпушти тренерот Нури Шахин по сноштиот пораз во Лигата на шампионите од Болоња.

Борусија сношти во Италија загуби со резултат 2:1 во предпоследното коло на Лигата на шампионите, и значително ги намали шансите да го заврши натпреварувањето меѓу осумте најдобри екипи кои ќе се пласираат директно во осминафиналето.


Викендов најинтересно во Серија А и на СП во ракомет ↓↓↓


Триесет и шестгодишниот Шахин седна на клупата на Дортмунд пред почетокот на оваа сезона, а во 27 натпревари во сите натпреварувања оствари 12 победи, 4 нерешени и 11 порази.

Поразот од Болоња беше четвртиот последователен за Борусија во сите натпреварувања, и раководството на тимот од Дортмунд немаше друга опција освен да го отпушти.

“Се надевавме на долгорочна соработка со Шахин бидејќи многу го цениме, до крај верувавме дека може да ја промени ситуацијата, но по четири последователни порази и само една победа во последните девет натпревари ја изгубивме вербата дека може да ги исполни целите за оваа сезона. Во Бундеслигата сме дури на десетото место, и затоа со тешко срце решив да ја прекинам соработката со Шахин”, соопшти спортскиот директор на клубот Ларс Рикен.

“За жал, не успеав да ги исполнам спортските цели на Борусија за оваа сезона. На клубот му посакувам сè најдобро во иднина”, изјави кратко Шахин.

Името на неговиот наследник Борусија ќе го објави во најкусо време, беше соопштено од клубот од Дортмунд.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Рафиња: Ме навредуваа, ако ме почитуваа – и јас ќе го почитував!

По најлудиот натпревар во сезоната и победата на Барселона против Бенфика на гостински тер…