Порто денеска објави дека го отпуштиле тренерот Витор Бруно, поради последователните порази од нискорангираниот Насионал и Жил Висенте, притоа што двојните победници на Лигата на шампионите се трети на табелата во Португалија по 18 натпревари. Бруно во јуни минатата година потпиша договор на две години, заменувајќи го Серхио Консеисао, кој замина од клубот по седум сезони за време на кои освои 11 трофеи, вклучувајќи три титули шампион на Португалија.
Порто е 12-тиот клуб кој оваа сезона го смени тренерот, вклучувајќи ја и Бенфика, која во август, по две кампањи, го отпушти германецот Рожер Шмит, како и Спортинг, кој во ноември го загуби Рубен Аморим кој го презеде Манчестер Јунајтед. Односот на Бруно со играчите се влоши откако Порто испадна од Лига купот по поразот од Спортинг со 0:1 во полуфиналето, а играчот од средниот ред, Пепе, го критикуваше тренерот на социјалните мрежи.
Викендов најинтересно во Серија А и на СП во ракомет ↓↓↓
Порто, кој е една од 32-те екипи кои се квалификувале за проширеното Светско клупско првенство 2025 (од 15 јуни до 13 јули), игра против Олимпијакос во четврток во Лига Европа.