Омар Мармуш (25), досегашениот напаѓач на Ајнтрахт од Франкфурт, потпиша за Манчестер Сити откако успешно го мина лекарскиот преглед. Претходно, клубовите исто така ја потпишаа сета документација поврзана со реализацијата на трансфертот за отштета од 75 милиони евра.
🚨✍🏻 Omar Marmoush has signed his contract as new Man City player!
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) January 23, 2025
Documents also signed on club side between Manchester City and Eintracht for €75m deal.
Medical completed, official statement to follow. pic.twitter.com/ZhSSXkJdGr
Мармуш е Египќанец кој пред седум и пол години дојде во Германија. Таму почна во Волфсбург, од каде што во летото 2023 година без отштета премина во Ајнтрахт. Тоа испадна една од најпрофитабилните трансфери во историјата, бидејќи само година и пол подоцна клубот од Франкфурт го продаде за огромно богатство. Поскапо од него, Сити платил само за Кевин де Брујне (76), Јошко Гвардиол (90) и Џек Грилиш (117 милиони евра).
We’re delighted to announce the signing of @OmarMarmoush ✍️🩵 pic.twitter.com/ryY2jA1mdE
— Manchester City (@ManCity) January 23, 2025
Никогаш не мислев дека ќе зборам за мојата состојба на поткаст! ВТОРНИК/20:00 часот ↓↓↓
Причината поради која Сити даде толку пари за Мармуш е неговата експлозија оваа сезона. Во 26 натпревари има нереални бројки од 20 гола и 14 асистенции. Тој веќе е третиот нов играч на актуелниот шампион на Англија во овој трансфер период. Претходно беа купени стоперите Абдукодир Хусанов (20) од Ленс за 40 милиони евра и Витор Реис (19) од Палмеирас за 37 милиони евра. Сити така само во првите три недели од новата година купи играчи за 152 милиони евра.