Дома Фудбал Oфицијално: Жозе Мурињо претставен во новиот клуб – се врати по 25 години!

Oфицијално: Жозе Мурињо претставен во новиот клуб – се врати по 25 години!

Жозе Мурињо е потврдeн како наследник на Бруно Лаге во лисабонскиот гигант Бенфика. По 25 години, португалскиот тренер се врати во клубот.

Официјално е: Жозе Мурињо се врати во Бенфика. 62-годишниот тренер се враќа на Естадио да Луш за да го наследи Бруно Лаге, кој доби отказ по поразот од Карабах во Лигата на шампионите во вторникот.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Мурињо немаше ангажман откако беше отпуштен од Фенербахче, токму поради нивното исфрлување од Лигата на шампионите од страна на Бенфика.

Неговото деби на клупата на Бенфика ќе биде во сабота против Aвес, во шестото коло од португалското првенство.

Куризитетно, првиот европски натпревар на Мурињо со Бенфика ќе биде против Челзи на Стамфорд Бриџ, местото каде што се прослави глобално.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Милевски за можното заминување: Мојот договор истекува на крајот на ноември!

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски, го соопшти списокот…