Дома Фудбал Oфицијално: Завршен трансферот од 55 милиони евра во Премиер лигата!

Oфицијално: Завршен трансферот од 55 милиони евра во Премиер лигата!

Антони Еланга, досегашен играч на Нотингем Форест, сега е новото засилување на Њукасл.

Ова лето, Еланга сигурно е едно од најголемите засилување во Премиер лигата, а Њукасл издвои цели 55 милиони фунти за да ги обезбеди неговите услуги.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Тој ќе игра во Лигата на шампионите со овој тим, и важно е да се истакне неговата соработка со Александер Исак, кој останува во клубот и е негов сонародник и колега од шведската репрезентација.

“Пресреќен сум! Тој беше клучна цел за нас и многу сум задоволен што успеавме да го потпишеме во овој почетен период од подготовките,” изјави Еди Хау, тренерот на Њукасл.

Во својата кариера Еланга играл за Манчестер јунајтед и Нотингем Форест, а минатата сезона на 38 натпревари постигна 6 голови.

Тој потпиша договор со траење од пет години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сити го освои Карабао купот по победата над Арсенал

Манчестер Сити го освои Карабао купот, откако убедливо победи со 2:0 во финалето против Ар…