Дома Фудбал Oфицијално. Ветаранот Милнер потпиша нов договор, „брка“ рекорд!

Oфицијално. Ветаранот Милнер потпиша нов договор, „брка“ рекорд!

Фудбалскиот клуб Брајтон ја информираше јавноста дека го продолжил договорот со англискиот ветеран Џејмс Милнер.

Универзалниот играч од средниот ред, кој има 39 години, така ќе го продолжи својот престој меѓу „галебите“ за уште една година и ќе има одлична можност да стане рекордер во Премиер лигата.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Треба се истакне дека поранешниот играч на Ливерпул веќе одигра неверојатни 638 натпревари во елитниот ред на англискиот фудбал, што е само 15 помалку од актуелниот рекордер по број на настапи Гарет Бери.

Милнер дебитираше уште во 2002 година во Лидс, а потоа настапуваше за Њукасл, Астон Вила, Манчестер Сити и претходно споменатите Ливерпул и Брајтон.

Во својата кариера постигна 55 голови и запиша 86 асистенции. Двапати беше шампион со Манчестер Сити, а еднаш го освои трофејот и во дресот на Ливерпул, со кој стана и европски првак во 2019 година.

Фото: Briighton FC/X
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шок за ПСЖ и аларм во Европа: Луис Енрике заминува?!

Според информации од Шпанија, поточно од Марка, шпанскиот тренер не планира да го продолжи…