Дома Фудбал Официјално: Томас Парти се пресели во Ла Лига

Официјално: Томас Парти се пресели во Ла Лига

Ганскиот репрезентативец Томас Парти од денеска е нов фудбалер на Виљареал, откако како слободен агент стави потпис на договор со шпанскиот прволигаш, по раскинот на соработката со Арсенал.

Парти со овој трансфер се враќа во Ла Лига, каде што остави силен впечаток играјќи за Атлетико Мадрид сè до 2020 година, кога премина во Арсенал за сума од 50 милиони евра. Сепак, потегот на „жолтата подморница“ да му даде шанса, привлече и внимание порадди обвинувањата кон фудбалерот.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Имено, само еден месец претходно, Парти беше обвинет за дури пет случаи на силување и еден сексуален напад, наводно извршени во 2021 и 2022 година. Според медиумите, за првпат завршил во полициска постапка во 2022 година, но правната разрешница сè уште е во тек.

И покрај сериозноста на обвиненијата, Виљареал реши да му даде доверба, што предизвика реакции во јавноста, но клубот засега не се огласи официјално околу оваа тема.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Новиот менаџер на Манчестер Јунајтед доаѓа од Серија А!

Како што пренесуваат италијанските и британските медиуми, Рубен Аморим ќе го напушти корми…