Дома Фудбал Официјално: Тинејџерот кој постигна сспектакуларен гол од слободен удар потпиша за Реал Мадрид

Официјално: Тинејџерот кој постигна сспектакуларен гол од слободен удар потпиша за Реал Мадрид

Франко Мастантено денес и официјално стана дел од Реал Мадрид и потпиша договор на шест години.

Мадридскиот клуб соопшти дека се договорил за трансфер на осумнаесетгодишниот супер талент од Ривер Плата. Реал реши брзо да делува на пазарот, завршувајќи трансфер кој ги стави во директно натпреварување со Пари Сен-Жермен.

ВАР во македонскиот фудбал – Разговор со Дејан Јакимовски | Уште еден поткаст


Мастантено веќе направи силен впечаток на теренот и многумина го сметаат за еден од најперспективните аргентински фудбалери денес. Тој беше редовен член на првата постава на Ривер Плата, а може да игра и како десно крило и како офанзивен играч за врска.

Според информациите Реал Мадрид за неговите услуги на екипата на Ривер платил сума од 65 милиони евра.

Неговата игра често почнува од крилото од каде што доаѓа кон центарот за да ја искористи исклучително прецизната лева нога, со која често упатува удари од далечина. Покрај тоа, не се двоуми да се повлече подлабоко во средниот ред за да помогне при градењето на играта.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бабунски пред потпис со новиот клуб!

Според најновите информации од Шкотска, македонскиот репрезентативец Давид Бабунски, кој н…