
Официјално соопштение од Њукасл како одговор на објавата на Исак
„Разочарани сме текстот на социјалните мрежи кој вечерва го објави Александер Исак.“
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
„Јасно е дека Алекс сè уште има важечки договор, и никогаш официјален претставник на клубот нема ветено дека Алекс може да го напушти Њукасл Јунајтед ова лето.“
„Сакаме да ги задржиме нашите најдобри играчи, но исто така разбираме дека играчите имаат свои желби и секогаш ги слушаме нивните ставови.“
„Како што им беше објаснето на Исак и на неговиот тим, секогаш мораме да ги земеме предвид најдобрите интереси на клубот, тимот и нашите навивачи при сите одлуки, и јасно ставаме до знаење дека услови за продажба ова лето НЕМА .“
„Не очекуваме да има промена и дека тие услови би се исполниле.“
„Ова е горд фудбалски клуб со горди традиции и се стремиме да го задржиме семејниот дух. Алекс останува дел од нашето семејство и ќе биде добредојден назад кога ќе биде подготвен да им се приклучи на своите соиграчи.“