Дома Останати Кошарка Официјално: Ненад Димитријевиќ има нов клуб!

Официјално: Ненад Димитријевиќ има нов клуб!

Германскиот кошаркарски великан Баерн Минхен и официјално го објави ангажманот на македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ, кој доаѓа како замена по заминувањето на Спенсер Динвиди.

Димитријевиќ стави потпис на договор со баварскиот клуб до крајот на актуелната сезона, со можност соработката да биде продолжена за уште една година. По успешно поминатите медицински прегледи, македонскиот плејмејкер беше промовиран како ново засилување и ќе настапува со дресот со бројот 9.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Во првата изјава како играч на Баерн, Димитријевиќ истакна дека повикот од Минхен бил одлучувачки.

„Баерн е извонредно организиран клуб и врвен тим. Кога тренер како Светислав Пешиќ ќе те побара, тоа е голема чест и одлука која се носи без двоумење“, порача македонскиот кошаркар.

Ненад Димитријевиќ зад себе има богато интернационално искуство, настапувајќи за клубови како Хувентуд, Валенсија, Уникс Казан, Олимпија Милано и Зенит од Санкт Петербург, а сега кариерата ја продолжува во дресот на германскиот шампион.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Чудесен настап на Дончиќ: За 39 минути постигна 38 поени!

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс извојуваа нова победа во неизвесна завршница, совладува…