
Младата ѕвезда на Барселона, Ламин Јамал, официјално го продолжи договорот со клубот. Како што се претпоставуваше, новиот договор на напаѓачот е до 2031 година.
Потпишувањето се случи денеска во клубските канцеларии во присуство на претседателот Жоан Лапорта, првиот потпретседател Рафа Јуста и спортскиот директор Деко.
Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓
Јамал е дел од младинската школа на Барса. Тој дебитираше за првиот тим во 2023 година и досега има одиграно 106 натпревари со 25 гола и 34 асистенции за „блаугранас“.
17-годишниот напаѓач имаше клучна улога во освојувањето на европската титула со Шпанија минатото лето, а потоа имаше извонредна сезона со тимот на Барселона, која освои три трофеи.
“Ел Паис” објави дека Јамал ќе добие тројно зголемување на платата и ќе заработува по 15 милиони евра годишно. Со бонусите, сумата може да достигне 20 милиони.
“Сегашност. Иднина. Ламин Јамал.”, напишаа од Барса на социјалните мрежи.
Let’s dance. Until 2031. pic.twitter.com/Hfwy0TtOol
— FC Barcelona (@FCBarcelona) May 27, 2025