
Антонио Конте мораше да се потпре на засилувања поради големиот број повредени играчи, вечерва против Јувентус во дербито ќе забележите колку недостасуваат поединци.
Италијанскиот стручњак сега ќе може да смета и на досегашниот фудбалер на Верона, Жоване.
Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст
Ова беше потврдено на официјалниот сајт на клубот, а Жоване е фудбалер кој пристигна во Верона оваа сезона и веќе постигна три гола и четири асистенции.
Иако се зборуваше дека станува збор за позајмица, тоа не е случај, Наполи го откупи договорот на овој фудбалер, и тоа за 20 милиони евра.
Овој моќен напаѓач има 22 години, а досега настапуваше за Капивариано, Коринтијанс и Верона.