Тоа што се најавуваше изминатите денови сега доби официјална потврда – Руд ван Нистерлој е нов тренер на Лестер.
Лестер го отпушти Стив Купер по поразот од Челзи. Тој остана во клубот само неколку месеци, преземајќи ги „лисиците“ летово по заминувањето на Енцо Мареска.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Руд ван Нистерлој беше помошник на Тен Хаг во Манчестер Јунајтед, а потоа и на четири меча ги водеше „црвените ѓаволи“ пред доаѓањето на Аморим.
Ван Нистерлој доби понуда и од Хамбургер, но негов приоритет беше останување во Премиер лигата и се договори со „лисиците“.
Ufficiale: Ruud van Nistelrooy è il nuovo allenatore del #Leicester https://t.co/PnG2J9kgpV
— Gianluca Di Marzio (@DiMarzio) November 29, 2024