Дома Фудбал Хит сцена во Премиер лигата: Судијата се повреди, Варди му го зема свирчето и ја прекина играта (Видео)

Хит сцена во Премиер лигата: Судијата се повреди, Варди му го зема свирчето и ја прекина играта (Видео)

Несекојдневна сцена се случи на денешниот натпревар помеѓу Лестер и Саутемптон во 35. коло на англиската Премиер лига, која ги насмеа фановите на најјаката лига во светот.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Во еден момент главниот судија на натпреварот, Дејвид Веб, заврши на теренот, откако имаше мал контакт со играчот на Лисиците Џордан Ају, и се фатил за глава.

Тогаш на сцената стапи легендарниот напаѓач Џејми Варди, кој дотрча до судијата и наместо него дуваше во свирчето за да ја прекине играта.

Брзо на местото на настанот пристигна и медицинскиот тим и му укажа помош на Веб, кој успеа да го продолжи натпреварот.

Инаку, Варди пред оваа несекојдневна сцена успеа да постигне и гол, со кој го донесе Лестер во водство од 1:0.

Да потсетиме, и Лестер и Саутемптон веќе испаднаа од Премиер лигата бидејќи одамна немаат никакви шанси за опстанок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Maкедонец нападна грчки судија – доби 17 натпревари суспензија! (Видео)

Горан Лозановски можеби не е премногу познато име за македонската спортска јавност, но во …