Валенсија објави дека нов тренер на клубот е Карлос Корберан, сега веќе поранешен тренер на ВБА.
Корберан работеше во повеќе англиски клубови, меѓу кои и Хадерсфилд, беше помошник на Биелса во Лидс, и беше дел од стручниот штаб на Виљареал.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Корберан потпиша договор до 2027 година со Валенсија, и ќе му биде нов тренер на Столе Димитриевски кој во моментов е прва опција за шпанскиот тим, после повредата на Мамардашвили.