Ќе го дочекаме и Светското првенство за клубови со 32 екипи, ќе се игра по завршување на сезоната 2024-25, и тоа преку лето што создава дополнителен притисок на играчите.
И покрај тоа, ова првенство е се повеќе најавувано од страна на ФИФА и несомнено ќе биде добро проследено, а пред неколку дена ве информиравме и за сите учесници на ова првенство.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Сега ФИФА ги одреди и шеширите.
Ќе се игра во осум групи по четири екипи, стандардниот формат во кој досега се играше и Светското првенство за репрезентации, по групната фаза каде што продолжуваат две најдобро пласирани екипи, се игра нокаут фаза од осмина финале.
Да потсетиме, СП за клубови се игра во Соединетите Американски Држави.
Еве го составот на шеширите.
Прв шешир: Манчестер Сити, Реал Мадрид, Бајерн Минхен, ПСЖ, Фламенго, Палмеирас, Флуминензе и Ривер Плејт.
Втор шешир: Челси, Дортмунд, Интер, Порто, Атлетико Мадрид, Бенфика, Јувентус и Салцбург.
Трет шешир: Ал Хилал, Улсан, Ал Ахли, Видат, Монтереј, Леон, Бока Хуниорс и Ботафого.
Четврт шешир: Урава Редс, Ал Аин, Есперанс Тунис, Мамелоди Сандаунс, Пачука, Сиелт Саундерс, Оукленд Сити и Интер Мајами.