Дома Фудбал Oфицијално: Нико Ковач има нов клуб

Oфицијално: Нико Ковач има нов клуб

Хрватскиот стратег Нико Ковач (50) е новиот тренер на Борусија Дортмунд.

Спортскиот директор Ларс Рикен го потврди ова по натпреварот од Лигата на шампионите против Шахтјар (3:1), а Ковач се договори за еднаиполгодишна соработка со Милионерите.

Педесетгодишниот Ковач го замени Нуриј Сахин, кој беше отпуштен од Борусија минатата недела, додека тимот привремено го водеше Мајк Тулберг.


СТЕМ: Клучот на иднината! Како нашите деца го освојуваат светот! ↓↓↓


“Можам да потврдам дека постигнавме договор со Ковач. Мајк ќе го води тимот во саботниот првенствен натпревар против Хајденхајм, а Нико ќе го преземе тимот в недела”, изјави Рикен за DAZN.

Ковач е поранешен хрватски репрезентативен играч кој скоро целата кариера ја помина во Германија. Таму го носеше дресот на Херта Берлин, Баер Леверкузен, ХСВ и Баерн Минхен. На крајот од кариерата настапуваше за Ред Бул Салцбург.

Тренерската кариера ја започна на клупата на хрватската репрезентација. Прво, репрезентација до 21 година, а потоа и А тимот. Потоа ги водеше Ајнтрахт од Франкфурт, Баерн, Монако и неодамна Волфсбург, кој го напушти во март 2024 година.

Дортмунд во оваа сезона особено се мачи во Бундеслигата, каде по 19 кола се наоѓа на 11-то место со 22 бода помалку од лидерот Баерн. Победи само во еден од последните осум натпревари во лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Мбапе го сруши Сити, ПСЖ немилосрден

Реал Мадрид и Пари Сен Жермен се квалификуваа за осминафиналето на Лигата на шампионите, д…