Пауло Фонсека доби отказ.
Росонерите“ годината ќе ја завршат на долната позиција на табелата во Серија А, што ги налути навивачите, па го нападнаа главниот оперативец Златан Ибрахимовиќ.
ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓
Наводно, по дуелот со Рома, Ибрахимовиќ имал жестока дискусија со тренерот, кој потоа потврдил дека повеќе не е тренер на Милан.
– Точно е, повеќе не сум тренер на Милан. Таков е животот. Совеста ми е чиста, направив се што знаев и можев – изјави Фонсека излегувајќи од паркингот кај „Сан Сиро“.
Тој негираше дека се скарал со Ибра.
– Не, не се расправав со Ибрахимовиќ. Не можам да коментирам нешто што не се случило – рече тој.
Ќе видиме што ќе биде сега во Милано, каде под притисок е и Ибрахимовиќ, бидејќи Фонсека дојде токму по негова препорака.
Ремито против Рома му падна на глава на Португалецот, тоа беше ултиматум, тој мораше да го добие тој меч за да остане на клупата. Бидејќи не го стори тоа, следеше разделба.
На клупата на Милан остана само 181 ден. Се шпекулира дека наследник ќе биде Консеисао, досегашниот тренер на Порто.