Дома Фудбал Официјално: Белгија остана без селектор!

Официјално: Белгија остана без селектор!

Фудбалската репрезентација на Белгија остана без селектор.

Медиумите во Белгија во денеска пренесоа вест дека Фудбалската федерација на оваа земја му врачи отказ на Доменико Тедеско и дека сениорската репрезентација остана без селектор.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Најавено е дека веќе недели наназад се очекува ваква одлука од федерацијата, особено откако Тедеско не се појавил на церемонијата за ждрепката за квалификациите за Светското првенство.

Состанокот во федерацијата во петокот беше само формалност, а се очекува белгиската куќа на фудбалот официјално да се огласи по ова прашање во петокот попладне.

Тедеско имаше договор до 2026 година, но резултатите не беа задоволителни ни на Европското првенство, ни во Лигата на нациите.

Својот мандат Тедеско го започна одлично – без пораз во првите 13 натпревари, но ја заврши со една победа во последните шест дуели. Ќе остане запамтен како селекторот кој беше причина некои играчи да одбијат неколку покани додека Тибо Куртоа изјави дека нема да брани за Белгија додека не се промени селекторот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Модриќ откри без кој човек никогаш не би потпишал за Реал Мадрид

Лука Модриќ, еден од најдобрите средни играчи на светот, повторно привлекува внимание. Ова…