Никола Матлиески е нов шеф на стручниот штаб на Тинекс Пролет, откако раководството на нашиот клуб се реши за ангажман на добро познато име на клупата, по шокантната смрт на Александар Јовиќ.
Матлиески е тренер што многу добро го познава Тинекс Пролет, тој седеше на клупата на овој тим од 2017 до 2021 година, кога си замина, а на негово место пристигна Зоран Кастраовиќ, но самиот Матлиески даде огромен придонес во освојувањето на третото место, што е најдобар пласман на Тинекс Пролет од формирањето на Супер-лигата.
Викендов најинтересно во Серија А и на СП во ракомет ↓↓↓
Тој потпиша долгорочен договор со Тинекс Пролет, по што синоќа го одржа и првиот тренинг со екипата. Во ситуација кога Тинекс Пролет го очекува учество во плејаут, зацртана цел е опстанокот да биде рутински осигуран, но и да се создаде позитивна атмосфера во пресрет на предизвиците што ќе го очекуваат нашиот клуб во наредната сезона.