Дома Фудбал Официјално: Аргентинец седна на клупата на Порто

Официјално: Аргентинец седна на клупата на Порто

Аргентинскиот тренер Мартин Анселми ја презеде должноста како шеф на стручниот штаб на португалскиот фудбалски гигант Порто. Овој 39-годишник, кој го замени домашниот стручњак Витор Бруно, потпиша договор со Порто до крајот на сезоната 2026/27. Порто е на третото место во португалското првенство со 41 бод, исто колку што има и второпласираната Бенфика, а лидер е Спортинг со 47 бодови.

Змејовите стојат послабо во Лигата на Европа, каде што се наоѓаат на 25-то место од 36 екипи пред последното коло. Витор Бруно минатата недела мораше да се прости од тимот поради лошите резултати, откако беше тренер на Порто од 1 јули минатата година. Сега ќе го наследи Анселми, кој претходно го водеше мексиканскиот Круз Азул.


Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓


Оваа сезона сите три португалски великани ги сменија своите тренери бидејќи исто така таков потег претходно направија Бенфика и Спортинг. Локалните медиуми во Португалија известуваат дека ова се случило првпат во историјата на португалското првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Анчелоти: Не ми се допаѓа новиот формат во ЛШ

Тренерот на Реал Мадрид и еден од најтрифејните стратези, Карло Анчелоти го критикуваше но…