Вечерва во 21:00 часот Реал Мадрид и Манчестер Сити на Сантјаго Бернабеу во Мадрид ја играат реванш-утакмицата од плејофот на Лигата на шампионите, која ќе одлучи кој ќе патува во осминафиналето. Реал пред своите навивачи ја брани предноста од 3:2 од првата утакмица во Манчестер.
Тренерот на Сити Пеп Гвардиола пред утакмицата изјави: “Мораме да одиграме совршена утакмица и да постигнеме добар резултат. Ова не е најдобрата ситуација, мораме да нападнеме и да постигнеме голови. Играчите мора да дадат се од себе, Бернабеу е тоа што е и на ваков тип на голем стадион има моменти кога се страда. Овде никогаш не било лесно. Со резултатот што го имаме, мораме да го дадеме најдоброто. Не е најдобриот резултат, но ќе се обидеме да одиме понатаму.”
Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓
Добра вест за Сити пред утакмицата е што 20-годишниот узбекистански стопер Абдукодир Хусанов успеа да добие шенгенска виза во Грција, па може да престојува во Шпанија, но мораше да пристигне во Мадрид одделно од останатиот тим вечерта пред утакмицата и не можеше да тренира на теренот на Реал.
Според најавите, во одбраната на Сити ќе играат Матеус Нунес, Рубен Дијас, Џон Стоунс и Јошко Гвардиол, а Хусанов најверојатно ќе почне на клупата. Тој стана играч на Сити оваа зима кога дојде за оштета од 40 милиони евра од францускиот Ланс и стана првиот Узбекистанец во историјата на Премиер лигата.
Хусанов е еден од најталентираните млади стопери во светот. Многу големи тимови го посакуваа, но тој одлучи да игра под водство на Пеп Гвардиола. Ленс имаше фантастичен профит од трансферот на младиот стопер. Летото 2023 година го купи од белорускиот Енергетик со отштета од 100 илјади евра.